Форс Индија денеска го официјализираше договорот со Ленс Строл како возач за овој тим во наредната сезона од Формула 1 шампионатот. Со тоа и дефинитивно се затворени листите на возачи на сите тимови, па познат е и целокупниот изглед на екипите на стартот од новата Формула 1 сезона.
Мерцедес очекувано не го менува тимот што победува, па болидите на шампионот и во новата сезона ќе ги возат Хамиилтон и Ботас. Ферари направи рокада, па така Леклерк ќе му биде тимски колега на Фетел на местото на Раиконен, а Рикиардо се пресели во Рено и му го препушти своето место во Ред Бул на младиот Гасли.
ФЕРАРИ: Себастијан Фетел, Чарлс Леклерк
МЕРЦЕДЕС: Луис Хамилтон, Валтери Ботас
РЕД БУЛ: Макс Ферстапен, Пјер Гасли
МЕКЛАРЕН: Карлос Сајнц, Ландо Норис
РЕНО: Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг
ЗАУБЕР: Кими Раиконен, Антонио Џовинаци
ХАС: Ромен Грожан, Кевин Магнусен
ФОРС ИНДИЈА: Серхио Перез, Ленс Строл
ТОРО РОСО: Данил Квијат, Александер Албон.
ВИЛИЈАМС: Џорџ Расел, Роберт Кубица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА