Костас Слукас и Олимпијакос нема да ја продолжат соработката, соопштија од клубот од Пиреја.
За Слукас многу се шпекулираше во претходните денови, а сега од црвено-белите редови стигна потврда дека соработката нема да продолжи.
„Ти благодариме за се што направи за Олимпијакос во изминатите три години, како и за големиот придонес во освојувањето на пет титули и пласманот на фајналфорот на Евролигата двапати по ред. Ти посакуваме се најдобро во кариерата“, стои во соопштението на Олимпијакос.
Се шпекулираше дека Фенербахче и Партизан испратиле официјални понуди за Слукас па останува да видиме каде ќе се пресели одличниот грчки кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА