ОФИЦИЈАЛНО: Собошлаи е второто засилување за Ливерпул

Доминик Собошлаи го заврши својот трансфер вреден 60 милиони фунти во Ливерпул од РБ Лајпциг. „Црвените“ ја потврдија веста на социјалните мрежи во кои е откриено дека унгарскиот играч за врска на „Енфилд“ ќе го носи дресот со број 8 – што претходно го носеше Наби Кеита.

Собошлаи пристигна на медицинските прегледи во саботата, откако „црвените“ ја активираа неговата клаузулата за неговиот потпис.

22-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со гигантот од Премиерлигата, останувајќи на „Енфилд“ до 2028 година, а се верува дека ќе добие значително зголемување на платата од 80.000 фунти неделно што ги заработуваше во Германија.

 

Се вчитува...