ОФИЦИЈАЛНО: Солскјер е нов тренер на Бешикташ

Норвешкиот фудбалски тренер Оле Гунар Солскјаер и официјално е нов тренер на турскиот великан Бешикташ.

Солскјер беше без работа откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во октомври 2021 година, а во Бешикташ ќе го замени Џовани ван Бронхорст кој доби отказ во ноември минатата година.

Во декември 2018 година, Солскјаер го замени Жозе Мурињо на „Олд трафорд“, а во март следната година потпиша тригодишен договор. Тој ја заврши сезоната 2020/2021 на второто место во поредокот во Премиерлигата, а во финалето на Лига Европа загуби на пенали од Виљареал.

Пред англискиот клуб, Солскјаер работеше во Молде и Кардиф.

 

Се вчитува...