Поранешниот селектор на Италија, Лучиано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус.
Харизматичниот тренер дополнително го збогатува прилично богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места. Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација.
Тој доаѓа во Јувентус откако Игор Тудор беше отпуштен затоа што „старата дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец. Спалети го постигна својот најголем успех како тренер на Наполи кога го освои Скудетото во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

