Официјално: Спалети го менува Гатузо на клупата на Наполи

Лучијано Спалети и официјално е именуван за нов тренер на Наполи на местото на Џенаро Гатузо. Она што беше најавено претходните денови, сега доби и официјална потврда.

Наполи објави дека Лучијано Спалети е нивниот нов тренер. Тој ќе ја преземе екипата од Гатузо, кој го напушти клубот на крајот на сезоната, во која „наполитанците“ не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите со неочекуваното реми на домашен терен во последното коло птоѕив тимот на Верона (1-1).

Лучијано Спалети е еден од најценетите тренери во Италија. Тој има 62 години, а досега бил тренер на бројни клубови на Апенинскиот полуостров. Меѓу другите, Сампдорија, Удинезе, Рома и Интер. Тој беше и тренер на руски Зенит.

 

 

Се вчитува...