Рубен Аморим остави зад себе тим што газеше во португалското првенство, но заминувањето на овој стратег во Манчестер Јунајтед стави длабока трага и врз португалскиот првак.
За негов наследник беше избран Жоао Переира, но овој стручњак воопшто не ги оправда очекувањата, па само месец и половина по именувањето (11 ноември), Переира денеска доби отказ од тренерската функција во Спортинг. Тој го водеше португалскиот шампион на вкупно осум средби, бележејќи три победи, едно реми и дури четири порази, со што тимот од Лисабон падна од врвот на табелата во португалското првенство.
За смената на Переира се говореше уште пред неколку дена, за денеска и официјално да биде објавено дека тој повеќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на Спортинг. За нов тренер е именуван Руи Боргес, кој го напушти кормилото на Виторија Гимараеш и денеска ќе го води тренингот на шампионот на Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА