Официјално спортот во САД суспендиран – Одложен и почетокот на МЛБ

Како што одлучија раководните лица на НБА, НХЛ, МЛС и НАСКАР и професионалната безбол лига МЛБ се одлучи да го одложи стартот на новата сезона поради пандемијата од коронавирус.

Практично само се чекаше кога и официјално ќе биде потврдена оваа информација, бидејќи по суспендирањето на НБА лигата, веднаш беа прекинати и подготвителните натпревари во МЛБ. По консултација со претставници на сите 30 клубови кои се дел од МЛБ, одлучено беше да се следат препораките од Центарот за контрола и превенција од заразни болести и во наредните осум седмици да нема ниту еден собир на кој може да се соберат повеќе од 50 лица.

Сезоната во најсилната безбол лига требаше да почне на 26. март, но поради новонастанатата ситуација таа нема да почне порано од крајот на месец мај.

Се вчитува...