Арсенал остана без еден од клучните фигури во раководството откако спортскиот директор Еду Гашпар си поднесе отставка од функцијата. Гашпар заминува од „Емирати“, но останува во Премиерлигата и ќе ја врши функцијата директор за фудбал во Нотингем Форест.
Бразилецот кој своевремено и како играч настапуваше за „топчиите“ пет години беше дел од клупската управа, најпрвин како технички директор, а од пред две години и како спортски директор, прв со ваква функција во историјата на Арсенал, но бил видено разочаран од челните луѓе на Арсенал бидејќи не добил доверба за вршење на улогата директор за фудбал.
Грчкиот газда на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, му понудил на Еду три пати поголема плата од онаа што ја зема во Арсенал, моќ за носење на клучните одлуки во Нотингем, но и советничка улога во останатите клубови во сопственост на Маринакис (во преден план Олимпијакос).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА