ОФИЦИЈАЛНО: Србинот Ројевиќ од идната сезона тренер на Охрид

Српскиот тренер Борис Ројевиќ, кој во минатото беше и селектор на српската репрезентација, е нов тренер на ГРК Охрид. Тој ќе го преземе кормилото од идната сезона, и потпиша тригодишен договор со охридската екипа.

На клупски план, Ројевиќ долги години го водеше тимот на Војводина од Нови Сад. На 13-ти февруари поднесе оставка од функцијата после поразот од Порто во ЕХФ Лигата на Европа.

Тој кратко беше селектор на Србија, пред Раул Гонзалез да стапи на функцијата. Ројевиќ доаѓа на местото на Стевче Алушевски кој заминува од функцијата по крајот на сезоната.

Се вчитува...