Поранешниот стратег на шампионот Струга ТЛ, Срѓан Захариевски и официјално е претставен за нов тренер на прволигашот Воска Спорт.
Раководството на Воска Спорт веќе по првото пролетно коло, по убедливиот пораз од 3-0 на гостувањето против Шкупи, се одлучи да се раздели со црногорскиот стратег на клупата, Миљан Радовиќ.
Захариевски до средината на минатата сезона го водеше тимот на Струга ТЛ со кој имаше извонредни резултати во есенскиот дел од сезоната. Претходно на домашната фудбалска сцена беше тренер и на екипите на Пелистер и на Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

