Од денеска, официјално стартува пријавувањето за најголемиот спортски настан во Охрид, популарната Атлетска манифестација „Охрид трчаТ“. Пријавувањето за учество на четвртото издание на Охрид трчаТ може да се направи исклучиво онлајн, на интернет страницата www.ohridtrcat.mk.
Четвртото издание од претходните три на Охрид трчаТ ќе се разликува по новата и побогата програма. Во склоп на настанот вметната е делницата од 21 километар или полумаратон, што ќе претставува дополнителен предизвик за охриѓани и останатите учесници од нашата земја и странство. На програмата останува рекреативната петкилометарска трка која е дел од главниот настан, како и Детската, Училишната и Ноќната трка. Експото на кое се подигнуваат стартните пакети ќе трае два дена (петок и сабота).
Цената на стартните пакети за полумаратонот и рекреативната трка ќе бидат во три интервали. За полумаратонот првата цена е 1000 денари, а за трката на 5 километри изнесува 400 денари.
Следната година, Охрид трчаТ ќе се одржи викендот на 5, 6 и 7. јуни. Се гледаме во Охрид!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА