ОФИЦИЈАЛНО: Стефан Додиќ потпиша четиригодишен договор со Кјелце

Српскиот ракометен вундеркинд, Стефан Додиќ од следната сезона ќе биде член на полскиот Кјелце. Додиќ потпиша четиригодишен договор со полскиот шампион, по сагата која што траеше повеќе од половина година.

Тој во март годинава додека се уште беше член на Металург, се поврзуваше со трансфер во Кјелце, но тогаш не излезе ништо од тоа. Потоа по долги препукувања меѓу Металург и Охрид, тој премина во Охрид каде ќе настапува до крајот на сезоната.

 

 

Се вчитува...