Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски ова лето од Ријека се пресели во Спортинг Лисабон, а официјалната сума за неговиот трансфер изнесува 2,25 милиони евра. Ова го потврди и хрватскиот првак Ријека, а директорот Среќко Јуричиќ смета дека тоа е одлична сума за клубот.
„Мое мислење е дека трансферот е многу поволен за Ријека, со оглед дека Ристовски игра на позицијата бек и надмина 25 години. Значи, во такви околности овој трансфер е многу поволен. Впрочем, тоа е еден од најголемите трансфери на клубот и многу сме задоволни“, изјави Среќко Јуричиќ.
Стефан Ристовски се уште нема дебитирано за Спортинг Лисабон, а неговиот нов клуб синоќа славеше на домашен терен со 1-о против Сетубал, забележувајќи го вториот триумф од стартот на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА