Официјално: Стоилов од јули на клупата на Бутел

Стојанче Стоилов и дефинитивно врти нов лист во тренерската кариера, прифаќајќи ја улогата на шеф на стручниот штаб во тимот на Бутел што ќе почне да ја извршува од јули 2026 годин.

Бутел ќе ја доврши сезонава со актуелниот стратег Горан Кузманоски, но по неговото веќе најавено заминување на Кипар, за нов тренер денеска и официјално беше именуван токму Стоилов. Легендарниот пивот во претходните години по завршувањето на играчката кариера беше помошник во стручниот штаб на Вардар, но минатото лето го напушти овој клуб по доаѓањето на Иван Чупиќ како прв тренер.

„Бутелци“ и оваа сезона обезбедија влез во плејофот, станува збор за стабилен клуб кој со буџетот сепак не е во трка со водечките во мак-ракометот, па приоритет за Стоилов и во новата сезона ќе биде влез во Топ 6, но и развој на младите домашни играчи кои се дел од скопскиот суперлигаш.

Се вчитува...