ОФИЦИЈАЛНО: Светислав Пешиќ се врати на клупата на Баерн Минхен

Искусниот српски стратег Светислав Пешиќ од денеска и официјално е нов тренер на германскиот бундеслигаш Баерн Минхен, означувајќи камбек во клубот и местото кое добро го познава.

Пешиќ ќе има тешка задача да го врати германскиот тим во колосек по осумте порази во низа во Евролигата кои резултираа со отказ за досекогашниот стратег Гордон Херберт.

Се вчитува...