Тајрик Џонс беше официјално претставен како член на Олимпијакос. Доскорашниот играч на Партизан потпиша договор со „црвено-белите“ од Пиреја и треба да остане во Атина во следните две и пол години.
Тоа ќе биде речиси невозможна мисија, со оглед на тоа што американскиот центар не престојувал никаде подолго од година и пол во својата кариера. Тој беше најдолго во Партизан, каде што помина токму година и половина. Пред црно-белите, играше за Хапоел Тел Авив, Турк Телеком и Анадолу Ефес.
Во текот на оваа сезона во Евролигата, Тајрик имаше просек од 10,6 поени, 6,1 скока, 2,1 асистенции, 0,6 блокади и индекс на корисност од 16,2. ње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

