Официјално: Талентираниот Берман од 2025 година во Хас (ФОТО)

Младиот и талентиран британски возач Оливер Берман од следната сезона ќе биде дел од најбрзиот караван на светот откако официјално потпиша договор со американскиот тим Хас.

Бозачот со успех ја помина адемијата на Ферари, а воедно и дебитираше во „црвениот“ болид во Формула 1 шампионатот заменувајќи го Карлос Саинз на Големата награда на Саудиска Арабија откако Шпанецот мораше да замине на итна операција.

Деветнаесетгодишникот од почетокот на годината е тест возач на американскиот тим, а до крајот на сезоната ќе добие шанса да го вози првиот тренинг на тимот започнувајќи од престојната трка на легендарната стаза „Силверстоун“.

Се вчитува...