Официјално: Ти-Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос!

Ланскиот европски шампион Панатинаикос, официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс за свој нов кошаркар. Само еден ден откако ја освои титулата со Париз, тој веќе има нов клуб, и идната сезона повторно ќе игра во Евролигата, и ќе се бори за пехарот.

Шортс беше кандидат за МВП во штотуку завршената сезона во Евролигата, откако имаше извонредна сезона.

Шортс потпиша двегодишен договор со атинските „зелени“ кои имаат амбиции идната сезона да ја вратат титулата во Евролигата, а ќе го напаѓаат и пехарот во домашното првенство, кое оваа сезона му припадна на нивнито ривал Олимпијакос.

Се вчитува...