Официјално: Тиквеш го промовираше Мартин Стојанов

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Мартин Стојанов од денеска и официјално е нов фудбалер на Тиквеш, потврди прволигашот.

Десното крило во тимот од Кавадарци доаѓа од редовите на Септември Софија со кој настапи на 32 натпревари во Втората бугарска лига изминатата сезона забележувајќи две асистенции. Претходно настапуваше за Пехчево и Брегалница.

Се вчитува...