Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Тодороски е главна тема во српската фудбалска јавност денеска откако нашиот офанзивец и официјално го комплетираше својот трансфер од редовите на Спартак Суботица во ТСЦ.
Тодороски ги мина младинските категории на Македониија, а сезонава имаше добри игри во дресот на Спартак, постигнувајќи пет шест гола и четири асистенции во српскиот шампионат откако претходно настапуваше во Австрија, бранејќи ги боите на Рапид, Виена, ФАЦ и на Виенер.
ТСЦ подолго време ги следеше настапите на нашиот интернационалец, преговорите со Спартак не беа лесни, но клубот од Суботица на крајот ја прифати понудата од 450.000 евра, плус 20% од следниот трансфер на Тодороски.
Трансферот беше официјално потврден вечерва, а се очекува македонскиот интернационалец во најскоро време да го има и своето деби за новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА