Тони Крос потврди дека веќе нема да игра за репрезентацијата на Германија, откако „панцирите“ беа елиминирани во осминафиналето на Европското првенство од Англија. Искусниот играч за врска изјави дека желба му била да ја освои и европската титула со Германија, но за жал не успеал во тоа.
„Нема да има следен пат. Дадов се што имам за репрезентативниот дрес. 109 натпревари за репрезентацијата на Германија и една голема титула од Светското првенство во 2014 година“, изјави Крос.
Тони Крос запиша 109 настапи во дресот на репрезентацијата на Германија, на кои постигна 17 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА