Тотенхем успеа да осигура уште еден важен потпис, откако вечерва и официјално на позајмица од Баерн Минхен го доведе Жоао Палиња. Португалскиот репрезентативец со години беше меѓу најдобрите последни играчи за врска во Премиер-лигата додека настапуваше за Фулам, за сума од над 50 милиони евра минатото лето се пресели во Баерн, но не успеа да ги оправда очекувањата на „Алијанц Арена“.
Тренерот Компани јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги за новата сезона, а откако Баерн не доби ниту една понуда за перманентен трансфер раководството на Тотенхем ја искористи ситуацијата влегувајќи во преговори за позајмица, и тоа без клаузула за задолжителен откуп.
Нема сомнеж дека Португалецот ќе биде од голема помош на „спарси“ во новата сезона, а доколку во лондонскиот клуб се задоволни од неговите игри ќе можат да го откупат за 35 милиони евра. Доколку тоа не се случи, Палиња на крајот од сезоната, во јуни 2026 ќе се врати назад во Минхен, па Баерн одново ќе бара купец за португалскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

