Официјално: Цедевита Олимпија доби екстра засилување

Словенечкиот АБА-лигаш и претставник во Еврокупот, Цедевита Олимпија доби огормно засилување откако го официјализираше потписот на репрезентативецот на Словенија, Клемен Препелиќ.

Одличниот бек-шутер важи за еден од најдобрите словенски кошаркари на денешницата и со него Цедевита Олимпија ќе биде сериозен конкурент на белгадските гиганти Партизан и Црвена Звезда.

Во богатата кариера Препелиќ настапуваше за Браник Морнар, Хелиос, Олимпија, Банвит, Олденбург, Лимонж, Метрополитанс, Реал Мадрид, Хувентуд и Валенсија.

Се вчитува...