Официјално: Црвена Звезда го претстави најголемото засилување

Црвена Звезда беше исклучително активна на пазарот пред крајот на преодниот рок, а последниот потпис беше и оној најзначајниот, откако српскиот првак го комплетираше доаѓањето на Силас Катопма Мвупа, одличниот офанзивец кој пристигна од редовите на Штутгарт.

„Црвено-белите“ со денови преговараа со бундеслигашот, се чинеше дека трансферот е пред колапс, за Црвена Звезда во последен момент да најде заеднички јазик, и тоа под извонредни услови – плаќајќи само 1,3 милиони евра за едногодишна позајмица на Силас, со клаузула за откуп за 10 милиони евра следното лето ако во српскиот првак се задоволни од изданијата на овој фудбалер.

„Многу сум среќен што доаѓам во клуб како Црвена Звезда, ми се допаѓа и што ќе имам шанса да живеам во Србија. Мислам дека можеме да оствариме големи работи заедно, едвај чекам да се запознаам со стручниот штаб и со соиграчите. Што се однесува до мене, можам да играм и во средниот ред, но мислам дека најдобро се снаоѓам во нападот, а главен квалитет ми е брзината“, изјави фудбалерот од Конго на денешната промоција во Белград.

Се вчитува...