Официјално: Црвена Звезда го претстави Обрадовиќ

Српскиот тренер Саша Обрадовиќ и официјално е нов тренер на КК Црвена Звезда. Педесетгодишниот Обрадовиќ потпиша повеќе годишен договор со белградскиот тим, каде на клупата ќе го замени Драган Шакота со кој Звезда спогодбено се раздели пред неколку дена. Обрадовиќ се врати во клубот во кој како кошаркар настапуваше во три наврати. Во периодот од 1987 до 1993 година, во 1994 и во сезоната 1999/2000 година. Со црвено-белите двапати беше шампион на Југославија, а истиот успех три пати го повтори со Будучност со кој една го освои и купот.

Српскиот стратег го напушти Монако во 2019 година, а претходно во кариерата ги водеше и Локомотив Кубањ и Алба Берлин со кои имаше одлични резултати, беше шеф на стручниот штаб и на Доњецк, Туроу, Киев и Келн.

 

Се вчитува...