Официјално: Црвена Звезда го врати отпишаниот Бразилец

Бројните повреди на стартот на новата сезона ја примораа Црвена Звезда да направи неочекуван потег и во тимот да го врати Јаго дос Сантос, плејмејкерот на кој му беше соопштено дека повеќе не е потребен во тимот.

Бразилскиот репрезентативец беше дел од Црвена Звезда од 2023 година, но не успеа да покаже висок квалитет за да го загарантира местото во тимот. Сега ќе има втора шанса откако белградскиот евролигаш соопшти дека тој е веќе во главниот град и ќе се приклучи на тренинзите.

Црвена Звезда на статот на новата сезона во Евролигата забележа двоцифрен пораз од Милано.

 

Се вчитува...