Американскиот кошаркар Девонте Греам официјално е нов член на КК Црвена звезда.
Греам има 30 години и е поранешен студент на престижниот Универзитет во Канзас, а во НБА играше за Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс.
Тој ќе биде огромно засилување за Црвена Звезда, која претходно ги доведе Ебука Изунду, Хасиел Риверо, Чима Монеке, Сами Оџелеи, Џордан Нвора, Тајсон Картер, Огњен Радошиќ и Стефан Миљеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

