Јувентус конечно ги разреши сите дилеми околу тренер откако денеска и официјално беше потпишан новиот договор со Игор Тудор, со кој хрватскиот стратег ќе остане на чело на „старата дама“.
Јуве беше сериозно поврзуван со Антонио Конте, но шампионскиот тренер реши да остане во Наполи, потоа „црно-белите“ од Торино испратија понуда и до Гасперини, но овој стручњак ја избра Рома пред Јувентус. На крајот, останувањето на Тудор остана најлогична опција, Хрватот секако имаше договор до крајот на клупскиот мундијал, но со новиот договор тој ќе остане во најтрофејниот италијански клуб до јуни 2027 година.
„Страст. Харизма. Дух на Јувентус. Овие зборови перфектно опишуваат што донесе Игор Тудор на Јувентус откако дојде на чело на првиот тим кон крајот на март – и што ќе продолжи да презентира во годините што следат. Сега е официјално: Тудор потпиша нов договори ќе го води првиот тим на Јуве до 30 јуни 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона“, потврди во клупското соопштение „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

