Официјално: УЕФА И ФИФА одлучија Русија да биде исклучена од Мундијалот, „бојкот“ и за руските клубови!

Светската и европската куќа на фудбалот, ФИФА и УЕФА, по заеднички состанок донесоа одлука за суспензија на руските клубови и репрезентации од натпреварувањата, поради конфликтот кој е предизвикан во Украина.

ФИФА претходно донесе одлука да и забрани на Русија да игра под своето знаме и без химна, а за баражот од СП им порачаа да играат на неутрален терен. Сепак, Полска веднаш излезе со реакција дека во никаков случај не сака да игра против Русија, а истото го направи и Шведска. Без разлика како се вика тимот тие не сакаа да играат. Па, ФИФА сега ја промени одлуката за исклучување на Русија од мундијалскиот бараж.

Без разлика дали се работи за клуб или репрезентација која доаѓа од Русија, нема да може да игра од натпреварувањата на УЕФА се додека не дојде до прекин на воениот конфликт, па одлуката да се промени.

Од ФИФА и УЕФА велат дека фудбалот обединува и дека тие се во целост со народот во Украина. Двајцата претседатели се надеваат дека ситуацијата во Украина наскоро ќе се смири и дека овој спорт повторно ќе биде вектор за заедништво и обединетост меѓу луѓето.

Се вчитува...