Валтер Мацари ќе биде новиот тренер на Торино. Само неколку часа по отказот на Синиша Михајловиќ, раководството на „биковите“ без многу одолговлекување го назначи новиот тренер, а според договорот Мацари треба да биде на клупата до 2020 година.
Екс-тренерот на Наполи и Интер веднаш се вметна како фаворит за преземање на тренерската позиција во таборот на калчолигашот. Мацари се враќа во Серија А по неуспешниот обид да води премиерлигашка екипа, минатата сезона се раздели со Вотфорд по само една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА