Официјално: Ван-Бисака е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед

Арон Ван-Бисака е второто летно засилување за Манчестер Јунајтед, потврдија од англискиот клуб. Трансферот на одбранбениот фудбалер изнесува 50 милиони фунти, а тој неделно на „Олд трафорд“ ќе заработува 90 илјади фунти.

 

Јунајтед долго време го следеше Ван-Бисака и според најавите тој ќе биде првиот избор на Солскјер на десната бековска позиција со оглед дека Норвежанецот сака да го подмлади тимот.

21-годишниот Бисака потекнува од Кристал Палас, а од 2017-година кога беше префрлен во првиот тим настапи на вкупно 42 натпревари.

 

Се вчитува...