Официјално: Ван Бисака се пресели од Манчестер Јунајтед во Вест Хем

Арон ван Бисака од денеска и официјално е нов член на Вест Хем, со што се става крај на петгодишната авантура на десниот бек во дресот на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ во 2019 платија 50 милиони фунти за да го доведат тогаш 21-годишниот Ван Бисака на „Олд Трафорд“, но овој фудбалер не се покажа како исплатлива инвестиција. Во меѓувреме на неговата позиција продефилираа уште неколку фудбалери, Ван Бисака никогаш не се наметна како прва опција кај тренерите на Јунајтед, а Тен Хаг летово даде зелено светло за негово заминување за да се отвори место за доаѓање на нов десен бек во клубот.

Вест Хем беше најконкретне во преговорите, прифаќајќи да плати 15 милиони фунти, сума што Јунајтед претходно ја утврди како цена за овој дефанзивец. Ван Бисака е седмото засилување на „чеканите“ во овој преоден рок, по Тодибо, Самервил, Гилјерме, Филкруг, Килман и Гвидо Родригез.

Манчестер Јунајтед веќе го договори неговиот наследник, па во текот на денешниот ден се очекува да биде официјализирано пристигнувањето на Мазрауи од Баерн Минхен.

Се вчитува...