Официјално: Ван Перси е нов тренер на Херенвен!

Тоа што беше претходно најавено денеска официјализирано. Легендата на холандскиот фудбал Робин Ван Перси стартува самостојна тренерска кариера преземајќи ја клупата на холандскиот прволигаш Херенвен.

Ван Перси веднаш по крајот на својата фантастична играчка кариера во 2019 година се посвети на тренерската работа, но најпрво како асистент тренер, а потоа тренер на неколку младински екипи. За да сега се впушта во вистински тренерски ангажман како предводник на сениорска екипа.

Робин Ван Перси го наследи Ван Вондерен на клупата на Херенвен на кого му заврши договорот со клубот. Спортскиот директор на клубот, Фери де Хан добро го познава Ван Перси уште кога во раните 2000-ти години заедно играа во Феенорд, па затоа и не чуди укажаната доверба да го предводи во иднина тимот.

Се вчитува...