Партизан најавува сериозен играчки ремонт во екипата, а „црно-белите“ денеска и официјално го потпишаа и првото засилување за наредната сезона.
Станува збор за српскиот репрезентативец Вања Маринковиќ, кој по пет години пауза се враќа назад во црно-белото јато и сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Жељко Обрадовиќ во наредната сезона. Маринковиќ, кој важи за беспрекорен шутер, доаѓа од редовите на Басконија како слободен играч, по истекот на договорот со шпанскиот клуб Вања имаше неколку понуди на маса, но без размислување ја прифати онаа на својот поранешен клуб.
Тој беше член на првиот тим на Партизан од 2013 до 2019 година, освојувајќи ја титулата во 2013 и два трофеја во Купот на Србија, а останува запаметен и како најмлад капитен во историјата на КК Партизан.
По Партизан тој најпрвин се пресели во Валенсија, по што следеше и трансфер во Басконија. Маринковиќ ланската сезона имаше просек од 11 поени, 2,5 скокови и 1,5 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА