Од вечерва веќе е и официјално, Рафаел Варан го напушта Реал Мадрид и ја продолжува својата кариера во редовите на Манчестер Јунајтед.
Двата клуба на своите официјални веб-страници го потврдија овој мега-трансфер, со кој Реал Мадрид останува без уште еден стандарден дефанзивец по заминувањето на Серхио Рамос во ПСЖ, додека Јунајтед добива идеален партнер во одбраната за Хари Мегваер.
Реал Мадрид ја прифати понудата од вкупно 50 милиони евра на „црвените ѓаволи“, значителна сума ако се знае дека Варан имаше само уште една година од договорот и следното лето можеше да си замине без никаква отштета. Французинот ќе пристигне во Англија, каде по задолжителниот карантин ќе ги мине лекарските прегледи и ќе го стави потписот на петгодишниот договор со Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА