Вардар денеска и официјално потпиша договорот со францускиот ракометар Жуниор Тузолана, кој во изминатите денови тренираше со „црвено-црните“ и ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.
Тузолана настапува на позицијата лево крило и би требало да биде важен адут на „вардарци“ во ситуација кога е повреден Кеита, кој требаше да биде прва опција на овој дел од тимот.
„По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше Жуниор Тузолана (30 години, 187 см.) кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.
Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка сезона.Тој доаѓа од екипата на Сесон во Франција, каде играл последните четири сеозни.
Претходно настапувал за Понто-Комбо, Истр и неколку сезони за Нант. Лани настапи на 24 натпревари во француската лига и постигнал 49 гола“, објави РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

