Македонскиот ракометен вицешампион Вардар во новата сезона ќе може да смета на Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно со кои официјално е постигнат договор и се очекува да му се приклучат на составот на подготовките на крајот на месец јули.
Деветнаесетгодишниот Кавада е среден бек кој доаѓа во „црвено-црните“ редови по успешниот настап за младинска репрезентација на Јапонија која на Светското првенство во Полска го осови 16. место, а беше и МВП на Азиското првенство.
Позицијата среден бек пак ќе ја покрива 27-годишниот Боно кој во Скопје пристигнува од редовите на францускиот Истр и носи искуство по настапите за аргентинскиот Балестер, бразилскиот Таубате, шпанските Замора и Синфин каде постигна 140 голови на 29 одиграни средби пред да се пресели во Шербур, за во актуелнава сезона да го облече дресот на Истр.
Во Вардар носи и репрезентативно искуство со Аргентина со која беше дел од првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

