Официјално: Вардар со службена победа против Воска, охриѓани предадени на „дисциплинска“

Натпреварувачката комисија при ФФМ денеска и официјално го регистрираше со службени 0-3 прекинатиот натпревар меѓу Воска и Вардар, кој не беше доигран откако домашниот тим предвреме го напушти теренот незадоволен од судиските одлуки.

Вардар прокнижи нови бодови, додека Воска е предадена на Дисциплинската комисија, која дополнително ќе ги одреди санкциите за самиот клуб, но и за тренерот Агон Хани кој инсистираше фудбалерите да го напуштат теренот.

Меѓу останатите санкции, двајца фудбалери на Гостивар, Асане и Анас, се казнети со по четири меча неиграње по црвените картони добиени на дуелот со Струга ТЛ.

Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0:3

ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

ФК Воска Спорт АД  е предадена  на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

ФК Струга Трим Лум се предава на Дисциплинска комисија поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ;

Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.

Лука Робикадзе – фудбалер на ФК Работнички АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. Коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.

Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;

Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ  се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец; 

Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

Диата Ассане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ  се казнува со забрана на настап од  4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ  се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;

Се вчитува...