ОФИЦИЈАЛНО: Велика Британија и Република Ирска домаќини на ЕВРО 2028 година

Велика Британија и Република Ирска ќе бидат домаќини на фудбалското Европско првенство. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги избра домаќините, откако покрај овие две земји не доби ниту една друга апликација за организација на континенталниот собир.

Најавите од куќата на фудбалот се дека токму од ЕВРО 2028 година на Европските првенства ќе учествуваат 32 репрезентации, со што шансите за ново учество на Македонија се зголемуваат.

Европското првенство 2024 година ќе се одржи во Германија, а најверојатно овој шампионат ќе биде последен на кој ќе учестуваат 24 репрезентации.

 

 

Се вчитува...