ОФИЦИЈАЛНО: Владо Илиевски е нов спортски директор на Цедевита Олимпија!

Македонската кошаркарска легенда, Владо Илиевски, и официјално е именуван за нов спортски директор на словенечкиот гигант Цедевита Олимпија.

Илиевски кој за овој клуб настапуваше дури трипати во својата богата кариера, доаѓа на местото на Сани Бечирович, кој ја извршуваше оваа функција во изминатите четири години, а кој во иднина ќе биде прв оперативец на Панатинаикос.

„Голема чест е за мене што ќе бидам спортски директор на најголемиот словенечки кошаркарски клуб. Среќен сум што се враќам во Олимпија, клубот кој ми даде многу во минатото, но овој пат во нешто поинаква улога. Ќе дадам се од себе за да испишеме успешна приказна, секако заедно со кошаркарите, стручниот штаб и останатите во управата на клубот“, вели Илиевски.

Македонската кошаркарска легенда дресот на Олимпија го носеше во периодот помеѓу 2001 и 2003, 2008 и 2009, а на крајот и помеѓу 2009 и 2011 година. Зад себе има една титула во АБА, како и шампионски пехари во Словенија, Италија и Чешка настапувајќи за екипите на Неметали Огражден, Работнички, Партизан, Барселона, Лотоматика, Тау Керамика, Ефес Пилсен, Цедевита и Олимпија.

Зад името на Владо Илиевски засекогаш ќе остане запаметен и најголемиот успех на македонската кошаркар пласманот во полуфиналето на Европското првенство 2011, токму со неговата феноменална тројка во четвртфиналето против домаќинот Литванија.

Се вчитува...