Швајцарскиот репрезентативец Давид Молер Волфи од денеска и официјално е ново засилување на ангискиот премиерлигаш Вулверхептон.
Дваесетитригодишниот Волфи кој се истакна со одличните игри во последните две сезони настапува на позицијата лев бек и во англиските редови пристигнува од АЗ Алкмар за 10 милиони евра со можност оваа сума да се зголеми за уште два милиони, потпишувајќи петгодишен договор.
We’ve signed David Moller Wolfe from AZ Alkmaar on a five-year deal ✍️
— Wolves (@Wolves) August 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

