Официјално: Воска донесе три засилувања, Финец, Јапонец и Словенец

Воска повторно прави сериозен ремонт во играчкиот кадар како што тоа беше случај во текот на летово, а охридскиот прволигаш денеска и официјално ги претстави првите засилувања за пролетната полусезона.

Како што веќе најави ЕКИПА, станува збор за интернационалци од Јапонија, Финска и од Словенија, кои би требале да и помогнат на Воска во претстојната борба за опстанок.

Јапонскиот фудбалер Таики Кагајама кој игра на левокрилната позиција, и има 30 години ќе биде првото засилување за тимот од Охрид. Кагајама досега играше за шведски Сундсвал,  а во минатото беше дел од Самгурали Грузија, а беше дел и од Интер Турки, Коколан и Муса. Во Јапонија играше за Муса.

Второто засилување е финскиот интернационалец Туре Сира. Сира има 30 години и игра во средниот ред, а доаѓа од Хака. Настапуваше за Илвес и Оулу од Финска.

Трето засилување ќе биде Филип Валенчиќ кој игра за Хонка. Настапува во офанзивниот дел од средниот ред. Настапуваше и во Купс, Хелсинки, Стабаек, Интер. Беше дел и од Монца, Нотс Каунти… Во Словенија беше дел од Интерблок и Олимпија Љубљана.

Се вчитува...