ОФИЦИЈАЛНО: Захариевски е нов тренер на ФК Пелистер

Македонскиот фудбалски прволигаш, Пелистер и официјално го потврди Срѓан Захариевски за нов шеф на стручниот штаб на клубот од Битола.

За македонскиот стратег ова ќе значи и своевидно враќање во Битола, каде работеше во 2017 година. Својата прва прозивка ќе ја има на 8. јануари кога Пелистер и официјално ќе почне со подготовките за новата сезона.

„Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година. 51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција“, стои во соопштението на Пелистер. 

Се вчитува...