Официјално: Заниоло потпиша за Астон Вила

Астон Вила успеа да ангажира уште едно квалитетно засилување откако вечерва беше официјализиран трансферот на Николо Заниоло од редовите на Галатасарај.

Италијанскиот офанзивец во јануари дојде во Галата, не се наметна во турскиот гигант, па му беше дозволено летово да замине на позајмица од Истанбул. Иако имаше опции за враќање назад во Италија, тој реши да се пресели во Премиер-лигата, прифаќајќи ја понудата на Астон Вила и потпишувајќи договор со тимот на Унаи Емери.

Заниоло нема да може да настапи за Астон Вила викендов, тој на почетокот од следната седмица ќе ја добие неопходната работна дозвола, по што ќе почне со тренинзи со остатокот од екипата.

Се вчитува...