Црногорскиот центар Бојан Дубљевиќ кариерата ќе ја продолжи во Русија откако денеска неговиот нов клуб Зенит ја официјализираше соработката која ќе трае една сезона.
За Дубљевиќ кој беше дел од Валнсија од 2012 година до ова лето и со која два пати го освојуваше Еврокупот, еднаш шпанското првенство и шпанскиот Суперкупт тоа ќе биде прв предизвик во ВТБ лигата. Претходно настапуваше во Црна Гора за Ловќен и Будуќност.
Welcome, Dubi 🤌🏻 pic.twitter.com/gjORPkxEVL
— Basketball club Zenit (@zenitbasket) July 10, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

