Официјално: Жиру се врати во Франција

Најдобриот стрелец во историјата на Франција, Оливие Жиру и официјално се врати во својата татковина, откако беше промовиран како нов играч на Лил. Поранешниот француски репрезенттивец кој постигна 57 голови на 137 меча, потпиша на една сезона со овој клуб.

Жиру се враќа во францускиот шампионат после 13 години, откако во 2012 од Монпеље замина во Арсенал, а потоа играше и во Челси и Милан, пред да замине во Лос Анџелес.

Во Франција Жиру настапуваше во Гренобл, Истр, Тур. Откако ги заврши настапите на Светското клупско првенство со Лос Анџелес, му се приклучи на Лил, и треба да биде конкуренција во нападот на овој тим, кој остана без Џонатан Дејвид, кому му истече договорот.

Се вчитува...