Клубовите од Саудиска Арабија се интензивираат на пазарот пред крајот на преодниот рок во Европа, па така шампионот Ал Хилал успеа да доведе големо засилување за новата сезона.
Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело е нов член на Ал Хилал откако денеска и официјално потпиша тригодишен договор со овој клуб. Кансело ја мина ланската сезона на позајмица во Барселона, каталонците сакаа да го задржат, но поради финансиските проблеми со кои се соочуваат беа далеку од договор со Сити.
Португалецот пред повеќе од една година влезе во конфликт со Пеп Гвардиола и оттогаш веќе не беше дел од плановите на трофејниот стратег, а управата на Сити успеа во својата намера, наместо со нова позајмица целосно да го продаде Португалецот. Англискиот првак ќе заработи 25 милиони евра од овој трансфер, а Ал Хилал дефинитивно добива уште едно врвно засилување од европскиот фудбал.
Следен на листата желби на Ал Хилал е Кингсли Коман. За трансферот на францускиот крилен фудбалер веќе е постигнат договор со Баерн Минхен, но сега се чека на согласност на самиот играч на преселба во Саудиска Арабија за и овој врвен фудбалер да му се приклучи на Ал Хилал.
🔵🇸🇦 Official, confirmed. João Cancelo joins Al Hilal on €25m deal from Man City.
Three year deal agreed for €15m net salary. pic.twitter.com/5vQTgEg59n
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА