Официјално: Жозе Мурињо на клупата на Бенфика

Сега и официјално. Жозе Мурињо после 25 години повторно е тренер на Бенфика. Договорот со клубот од Лисабон е до крајот на сезоната 2026/27, а може предвреме да биде раскинат под истите услови.

Последен клуб кој го водеше Мурињо беше Фенербахче од каде неодамна доби отказ, а претходно беше во Рома, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Интер, Порто и Леириа.

Мурињо ќе има за цел титула во Португалија, како и успешен настап во Лигата на шампионите, откако во првото коло неговиот нов тим беше шокантно поразен од Карабах на домашен терен со 2-3.

Се вчитува...