Официјално: Златан Ибрахимовиќ го пропушта ЕВРО 2020

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно ќе го пропушти претстојниот европски шампионат, беше објавено попладнево иако утринските информации велеа дека асот на Милан би можел да настапи за Шведска на ЕВРО 2020.

Првите прогнози велеа дека Ибрахимовиќ ќе паузира најмалку три седмици по најновата повреда на коленото и дека е добра вест што тој нема да мора да оди на операција, но шведскиот селектор Јане Андерсон попладнево обелодени дека Златан сепак нема да може да биде дел од претстојниот европски шампионат.

„Денеска разговарав со Златан Ибрахимовиќ. За жал, тој самиот ми соопшти дека последната повреда го спречува неговиот настап на ЕВРО 2020. Секако дека сме разочарани, но од срце му посакувам на Златан што поскоро да го реши овој проблем и наскоро повторно да се врати на терените“, изјави Андерсон.

Се вчитува...